Исчезнатиот маж од Кратово пронајден мртов

Во текот на вчерашниот ден бил пронајден исчезнатиот 70-годишен П.Н. од Кратово. Според податоците од полицијата, старецот го пронашле починат 40-годишниот Д.Ц. и 33-годишниот Д.Н. кои веднаш го пријавиле настанот во полиција.

Починатиот бил пријавен за исчезнат на 26. минатиот месец. Од страна на доктор од ЈЗУ-Кратово, констатирана е природна смрт поради престанок на работа на срцето.

Телото на починатиот е дадено на фамилијата за погреб.

 
 
03.12.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега