Младо момче нападнато на улица во Скопје

Во 19 часот и 30 минути на улицата Џумајска во Скопје, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил разбојништво над 19-годишниот К.Т. од Битола. Според податоците од полицијата, тој на момчето му го одзел паричникот со лични документи и 3.500 денари. Битолчанецот подоцна бил пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани  телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилникот.

 
 
03.12.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега