СДСМ не попушта: Опозицијата бара високи казни за своите непријатели - медиумите

СДСМ не се откажува од казнување на медиумите. По продолжувањето на преговорите за измени на Законот за медиуми, опозициската партија останува на ставот дека треба да се цензурира медиумскиот простор во Македонија и дека Агенцијата за медиуми треба да одлучува кои новинарски прилози се објективни а кои не.
Извори од преговорите за Press24 велат дека ваквиот предлог за ВМРО-ДПМНЕ бил неприфатлив а со него не се согласувал ниту белгискиот посредник Питер Ван Хауте кој уште еднаш го повторил ставот кој го изнесе и на брифингот со медиумите од пред неколку дена, дека ставот на Европа е дека не може да се загрозува слободата на изразување, односно не може институциите да носат одлуки за тоа кој новинарски текст е објективен а кој не. Според него, јавноста е таа која треба да оцени, дали новинарите известуваат објективно и врз основа на тоа да си донесат одлука од кој извор ќе се информираат.

 
 
03.12.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега