Нови детали за убиството во Мала Речица

Тетовецот Џафер Х. (56), викан Џафо, које е осомничен дека го застрелал Хатмир Хасани завчера, во чајџилница во Мала Речица, сакал да пука во полицајците што вчера го уапсиле, но не успеал во намерата, пишува Дневник.

-Тој бил уапсен вчераутро околу 6 часот, меѓу селата Пршовце и Теарце, 14 часа по ладнокрвното убиство, по кое избегал на велосипед. Мотивите за убиството засега се непознати. Убиениот Хасани, пак, работел како личен возач на Сади Беџети додека тој беше градоначалник на општина Тетово, објави весникот.

Инаку, крвавиот инцидент се случил околу 15 часот и 30 минути во угостителскиот објект „Принц“. Тогаш Хасани, кој бил од село Лисец, влегол во објектот и почнал расправија со Џафер. Двајцата најверојатно имале претходна кавга за нешто, па Хасани влегол внатре за да ги расчистат работите. По кусата кавга, убиецот извадил пиштол и со еден куршум го погодил Хасани во градите.

 

 
 
05.12.2015 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега