НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Груевски најави две нови инвестиции

Две нови странски инвестиции кои треба да се реализираат до крајот на овој месец најави денеска премиерот Никола Груевски.

Со овие инвестиции се очекува да се отворат најмалку 500 работни места.

- „Кап-кон“ ја отвора својата фабрика наскоро. Тоа е американска глобална компанија од автомобилската индустрија. Тие се речиси готови и многу брзо почнуваат со производство. Втората е всушност втората фабрика на италијанската „Технокозе“, четири пати поголема од првата која е во самиот финиш. Веќе започнаа некое пробно производство и наскоро ќе биде отворена оваа нова фабрика. Овие две фабрики ќе вработат најмалку 500-тини луѓе, изјави премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на градежните работи за продолжување и изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопската населба Бутел.

Премиерот нагласи дека во текот на овој месец можно е да се официјализира и влез на уште една глобална американска компанија која дополнително би вработила уште 500-тини лица.

- Сепак тоа би го оставил за нив и не би го спомнал името бидејќи тие се оние што тоа треба да го објават во јавноста, рече Груевски.

Тој се осврна и на трите инвестиции што беа официјализирани последнава недела. - Првата беше „Монтанте груп“ која го потпиша договорот и во јануари почнува со градба на фабриката за амортизери на шински возила. Втората е „Гентерм“ од Америка која веќе го постави камен темелникот и ја тера градбата на својата нова фабрика во Прилеп во која ќе вработат околу 2.000 луѓе и ќе се произведуваат греачи за автомобили. Третата беше фабриката за ориз во Кочани која беше многу потребна за тој крај. Стратешки ќе ги зајакне капацитетите на сите кои се занимаваат со производство на ориз во кочанскиот регион, појасни премиерот Груевски

 
 
05.12.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега