Температурата минус 6, Македонија мрзне: Еве каде е најстудено утрово

 Утрово во долините и котлините има појава на магла и ниска облачност. Кон повисоките места е сончево со слаб претежно северен ветер. Магла има долж Повардарието, во долниот тек на Брегалница, во Пелагонија, и во преспанскиот регион.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека најниска температура од - 6 степени е измерена во Берово, -5 во Крива Паланка, -2 Маврово, Тетово, Прилеп, Виница, -1 Гевгелија, Битола, нула во Куманово, Лазарополе, Претор, температура од 1 степен во Скопје, 2 Кавадарци, Охрид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 6 Крушево.

Во  текот на следнава работната недела, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи стабилно и суво со релативно високи днвни температури на воздухот. Во утринските и претпладневните часови во котлините и речните долини, особено во централните делови ќе има ниска облачност и појава на  магла и таму преку денот температурата нема многу да се покачува. Кон крајот на работнава недела ќе следи спуштање на температурите но и понатаму ќе се задржи стабилно и суво.

 
 
07.12.2015 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега