Дневник: СДСМ си го смени името и доби подарок ексклузивен деловен простор во Скопје

Со едноставна пријава дека Сојузот на комунисти на Македонија (СKМ) го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, во првата половина на 90-тите години, сегашниот СДСМ го стекнал имот во центарот на Скопје, на улица Бихаќска, со површина од 3.580 квадратни метри. Се работи за зградата и дворното место каде што сега се наоѓа партиското седиште на СДСМ, а кое пред 1993 година, кога го добива партијата, било сопственост на државата, односно се работи за земјиште што претходно го користеле Министерството за наука, а претходно и Рударскиот институт и Министерството за култура.

„Дневник“ дојде до документите што потврдуваат како СДСМ со неколку управни постапки, од промена на име до замена на земјишта и уписи, водени во Град Скопје, Kатастарот и Министерството за финансии, повикувајќи се на промена на името на СKМ во СДСМ, без да плати ни денар, стекнал сопственост на 3.580 квадратни метри во центарот на Скопје, пазарно вредни околу милион евра. Се работи за неколку документи меѓу кои Договор за замена на недвижен и подвижен имот, склучен меѓу Министерството за финансии и СДСМ од 30 јуни 1993 г., решение на Републичката геодетска управа (Одделение за премер и катастар) од 6.9.1993 г. за промена на катастарската евиденција врз основа на Договорот и Барање за запишување право на сопственост од СДСМ до Републичката геодетска управа (Одделение за премер и катастар) од 13.2.1998 година. Од документите може да се заклучи како се одвивала целата постапка. Прво, СДСМ во 1991 г. поднел пријава во Градскиот секретаријат за внатрешни работи при Собранието на Град Скопје дека Сојузот на комунистите на Македонија го менува името во Социјалдемократски сојуз. „Со решението УП бр. 38-4161/1/91, уверението бр. 38-401/72/91 и Изводот од извршена промена бр. 02-6009/2/91, е утврдена промена на име Сојуз на комунистите на Македонија – ПДП во Социјалдемокартски сојуз на Македонија“, пишува во Решението на геодетската управа од 1993 г. Врз основа на ваквата измена на името СДСМ добива имотен лист дека поседува згради во градски ѕид на булевар Илинден б.б. кои, според ова Решение, всушност се станбени згради што ги градел и поседувал Централниот комитет на СKМ – Скопје, односно запишани на поседовен лист бр. 455 на О.С. на Централен комитет на СKМ - Скопје.

Целиот текст прочитајте го во Дневник

 
 
07.12.2015 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега