Новоизбраниот член на Советот на јавни обвинители даде заклетва

Новоизбраниот член на Советот на јавни обвинители Сашо Василевски денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Сашо Василевски дипломирал на Правниот Факултет во Скопје во 1992 година, а правосуден испит положил во 1996 година. Во 2000-та година го положил и нотарскиот испит, а од 1997 до 2006 година работел како адвокат со своја адвокатска канцеларија со седиште Ресен.

Од 2006 до 2008 бил заменик на министерот во Министерството  за правда на Република Македонија. Од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање на правосуден испит. Од 2010 до 2011  повторно работел како адвокат во Ресен. Од 2011 до 2015 година бил член на Советот на јавните обвинители, за кое место повторно е предложен од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

 
 
07.12.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа