Натпатникот со кој се поврзуваат Хиподром и Инџиково од утре официјално во употреба
Новиот натпатник преку автопатот Скопје- Петровец, што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково, утре официјално ќе биде пуштен во употреба.
Целта на овој проект на Градот Скопје е да се овозможи непречено и безбедно движење на граѓаните од двете населби преку автопатот.
Изградбата на натпатникот е од исклучително значење за жителите на Хиподром и на Инџиково, бидејќи оваа локација со години претставува црна сообраќајна точка на автопатот кон Петровец, со многу сообраќајни несреќи.
Челичниот натпатник е со бетонски столбови, челични скали и челични рампи, а ќе овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби.
Натпатникот е долг 63 метри, а широк 5,4 метри. Површината за движење е широка 3,1 метар, а по должината на натпатникот е поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации.
Новиот натпатник што ги поврзува населбите Хиподром и Инџиково ќе го осветлуваат 12 канделабри, а ќе бидат осветлени и рампите.
За изградба на овој натпатник Градот Скопје вложи околу 38 милиони денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа