Груевски: Силно и решително ќе се спротивставиме на сите кои го заплашуваат народот

Првото правило кое мора да се почитува во оваа смисла е почитувањето на народот. Народот не постои заради политичарите, туку ние постоиме заради народот, затоа што народот така одбрал и така решил, истакна премиерот Никола Груевски во денешното обраќање на Академијата по повод утрешниот празник Свети Климент Охридски.

-Затоа секаков облик за заплашување на народот, како што го прават нашите политички конкуренти, заплашувањето на сите негови целни групи, пензионерите, социјално ранливите, земјоделците, банкарите, бизнисмените, адвокатите, судиите, обвинителите, новинарите, е неприфатливо, и политичката гарнитура која јас ја предводам секогаш и секаде силно и решително ќе се спротивстави на овие недозволиви однесувања кои ги прават некои поединци и групи, истакна премиерот.

Не сакам на овој празник да се конфронтирам, додаде Груевски, но и нема да премолчам и не смеам да премолчам, и да не кажам дека секој оној кој се дрзнува да го навреди народот, да го потцени, да го заплаши, ќе наиде на препрека во мене лично и во политичка гарнитура која ја предводам. -И нема да помине.

 
 
07.12.2015 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега