Груевски: Избори мора да има и избори ќе има

Секој оној кој со своето однесување ќе му оневозможи на народот да реши на кого ќе му ја даде довербата, кој ќе се обиде да му го одземе врвното демократско право на  народот да решава на избори, без разлика дали тоа ќе го направи со сопственото бегање од избори, што веќе за жал е извесна и очигледна варијанта и стратегија на нашите политички конкуренти, или на било кој друг начин ќе се труди да нема избори, прави непринципелно и неетичко дело кое е на ранг на навреда на народот. На тој начин, со ова однесување политичкиот конкурент покажува недоверба во своите капацитети и отсуство на соодветна грижа за националните и државни интереси на Република Македонија.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во денешното обраќање на Академијата по повод утрешниот празник Свети Климент Охридски и додаде:

„Избори мора да има, и избори ќе има. Ова е наша земја и наша земја ќе остане. Народот ќе решава и народот мора да решава. Нема друго и нема бегање“.

 
 
07.12.2015 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега