Закани по сигурноста и личната безбедност е причина поради која било овозможено заштита од МВР

Закани по сигурноста и личната безбедност е причина поради која биле ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи за безбедноста на лицата кои беа наведени на денешната прес конференција на Оливер Спасовски.

Закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на блиските се дел од работите поради кој е издадена наредба од надлежно лице од МВР за обезбедување на овие лица.

Очигледно наместо решавање на ваквите сериозни закани и сознанија Оливер Спасовски се фокусира да прави политички маркетинг од овие теми, со што свесно или не ја доведува безбедноста во прашање на луѓето кои се посочени, а кои и според закон, доколку овластено лице од министерството одлучи имаат право на заштита како и секој граѓанин.

Спасовски всушност врши партиска злоупотреба на институцијата МВР за лична хајка, а самиот тој се развозува со службен автомобил од министерството на партиски настани заедно со службеното обезбедување.

Дека станува збор за класична политичка хајка говори и тоа дека Спасовски самиот кажува неодредена бројка од неколку стотици кои наводно користеле службени повластувања, а самиот тој набројува само 7 луѓе.

Многу логично е да се овозможи обезбедување на еден Јохан Тарчуловски кој по враќањето од Хаг добива секојдневно закани по личната безбедност од радикални албански елементи поврзано со судскиот процес кој против него е водеше. Такви закани по неговата лична безбедност и безбедноста на неговите семејства може да се забележат и на неговиот ФБ профил, но и на видео сервисот Јутјуб.

Дека безбедносни закани постојат говори и тоа дека за една година два пати беше гранатирана зградата на владата, од кој што еднаш беше директно погоден и кабинетот на генералниот секретар Кирил Божиновски кој пак беше посочен од Спасовски дека му било обезбедено обезбедување.

На списокот на Спасовски се најде и пратеникот Амбди Бајрам кој пак март годинава беше физички нападнат од насилна група во центарот на Скопје. Тој со возило на Брза помош, бил пренесен во болница, откако беа констатирани видливи повреди. По пресот на Спасовски Бајрам тврди дека ништо од ова не е точно и дека информациите на МВР се погрешни.

– Никогаш не сум користел возило на МВР. Многу е ниско вака да се обвинува, изјави Бајрам.

Џуклески кој исто се најде на мета на Спасовски ги отфрли обвинувањата и достави докуметни според кои во 2009 година му бил назначен единствено возач заради природата на неговата работа како координатор за гранично управување. Тврди дека никогаш немал полициско обезбедување, а службените возила кое го користи не се на МВР туку му биле доделени на телото со кое управува.

Очигледно главната задача на Спасовски не е откривањето и сузбивање на криминал, туку отстранување на обезбедувањето на неколкумина за кој е распоредено по претходна наредба на овластено лице на МВР по претходни закани и сознанија за закани по нивната безбедност. Тоа говори за очајот во кој се наоѓа СДСМ и нивните кадри кои партиски ги инструментализираат институциите, а МВР ја претвораат во партиска испостава на СДСМ.

 
 
07.12.2015 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега