Груевски: За медиумите ќе прифатиме само европски искуства, а не нешто што никаде го нема

Нашите позиции се принципиелни и реални. За медиумската сфера, иако има соодветен закон кој е донесен од страна на Собранието во тесна консултација, координација и соработка со Европската Унија и кој од страна на претставникот на ОБСЕ беше оценет со зборот одличен, и за кој освен ЕУ и ОБСЕ, и Советот на Европа даде позитивни оценки, ние сме подготвени да прифатиме измени на закон или нов закон, но само ако таков закон постои во било која европска земја, членка на ЕУ, и кој ќе биде прифатен од оние на кои се однесува, на медиумите и новинарите.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање на свечената академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност по повод утрешниот државно-црковен празник Свети Климент Охридски.

- Поевропски од ова нема, поевропски здравје. Кој закон сакаат од земја членка на ЕУ таков ќе прифатиме. Но не нешто што никаде го нема, истакна Груевски.

 
 
07.12.2015 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега