Груевски: Преку ДИК сакаат да побегнат од избори - нема да дозволиме

Државната изборна комисија треба да биде канализатор и спроведувач на волјата на гласачите, рече премиерот Никола Груевски.

-Ние како партија имаме јасен став дека експертите кои треба да бидат предложени мора да бидат луѓе со кредибилитет и луѓе кои ги исполнуваат највисоките професионални стандарди, луѓе кои што важат за политички неутрални.

Во Државната изборна комисија, според него, треба да се работи по словото на законот и  согласно фактите, а не по желбата на политичарите.

-Зад искривувањето на ваквите начела и принципи стои желбата да се наштети на процесот, да се избега од избори. И ние тоа нема и не смееме да го дозволиме. Мора да воведеме повисоки критериуми, мора да не се наштети на волјата на граѓаните. Решението треба да се бара во рамките на овие принципи кои ги истакнав, додаде премиерот.

 
 
07.12.2015 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега