Граѓаните со масовна поддршка за владините проекти за младите

Двата проекти за младите кои ги најави премиерот Никола Груевски во синоќешното обраќање наидоа на масовна поддршка кај граѓаните на социјалните мрежи.

Граѓаните коментираат дека помошта за младите лица со овие мерки е голема и додаваат дека истите претставуват големо растеретување на буџетот на студентите и средношколците.

-Започнувајќи од 1 јануари 2016 година и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. Владата со цел да се имплементира оваа мерка ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа, изјави вчера премиерот Никола Груевски, зиајви премиерот Груевски.

 

 

Груевски вчера објави и проект со кој средношколците секоја среда ќе можат бесплатно да ги посетуваат државните театри, музеи и кина, а ќе можат бесплатно да се возат и со жичницата на Водно.

Проектот започнува со важност од 1 јануари 2016 година.

-Следејќи ја успешната приказна на проектот „Слободен Четврток” наменет за студентите, преку овој нов проект кој се вика “Средношколска Среда” ќе се стремиме да ја подигнеме мобилноста, квалитетот на забава, и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина кај средношколците. Преку овој проектот „Средношколска Среда“ секоја среда на сите средношколци, ќе им овозможиме бесплатен превоз на жичарницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата. На овој начин ќе се зголеми мобилноста на младите и ќе се влијае на зголемување на свеста за посета на установите на културата во Република Македонија и развој на културниот сегмент во младинската сфера, истакна Груевски.

 
 
08.12.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега