УМС ги поздрави новите проекти кои ги најави премиерот Груевски

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ги поздрави новите проекти кои синоќа ги најави премиерот Никола Груевски.

Големо е задоволството што благодарение на Владата на Република Македонија мобилноста на студентите од први јануари 2016-тата ќе биде многукратно зголемена. Студентите, иднината на оваа земја, заслужуваат ваков третман. Сите 46.576 редовни студенти во Република Македонија ќе ги почувствуваат бенефитите на оваа и другите мерки кои се преземаат во насока на подобрување на квалитетот на студентскиот стандард. Унијата на Млади Сили ќе продолжи да се бори за постојано унапредување на условите во кои студираат студентите. Слободниот превоз за студентите од први јануари 2016 е доказ дека добрите идеи со помош на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш го наоѓаат патот до реализацијата, истакна Лука Кржалоски, Претседател на Градски комитет на УМС.

Од УМС ги повикаа младите да продолжат со масовното учество во кампањата „Твојата идеја и треба на Македонија“.

-Сигурни сме дека некоја од идеите кои ги даваат младите еден ден ќе им го подобрат и олеснат животот на многумина, како што тоа го направи оваа мерка која вчера ја најави премиерот Груевски, додаде Кржалоски.

 
 
08.12.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега