ЕКСКЛУЗИВНО: Личните карти на „Фокус“ не биле употребени никогаш и никаде


Ниту една од личните карти на Фокус не била употребена никогаш и никаде, ексклузивно дознава Press24 од извори во Обвинителството.

Според нашите информации врз основна наредба на јавен обвинител, обезбедена е писмена и електронска документација од ДИК. Извори за Прес24 велат дека од увидот во електронската документација утврдено е дека ниедна од 105-те фалсификувани лични карти не е употребена за гласање. 

Исто така направени се проверки и во системот за интегррано гранично управување. Ниедна од овие лични чарти не се употребени на ниеден граничен премин за влез и излез.

Со наредба на ЈО извршени се проверки и во пранвиот сообраќај кој се однесува на отворање на фирми и други деловни односи. 

Утврдено е дека ниедна од овие лични карти не е употребена за таа намена.

Сега се отвора прашањето кој ги фалсификувал и со која намера, ако се знае дека паднаа во вода тврдењата на Фокус и Оливер Спасовски дека биле употребени за избори.

Дали Фокус и Спасовски свесно биле дел од овој скандал и која била нивната улога?

ВМРО ДПМНЕ во повеќе наврати го повикуваше Спасовски да не молчи и да не се крие бидејќи Македонија заслужува фер избори без никаква дамка.

 .

 
 
08.12.2015 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега