Собранието треба да ја продолжи 74. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 74. седница на чиј дневен ред се измени и дополнувања на повеќе закони од сферата на образованието, финансиите, социјалата, здравството, правото,...

Пред пратениците се измените и дополнувањата на законите за постапување со бесправно изградени објекти, за градење и за учебници за основно и средно образование, како и измените на законите за придонеси од задолжително социјално осигурување, за пензиското и инвалидското осигурување и за здравственото осигурување, сите по скратена постапка.

Разгледани ќе бидат и Предлог законот за вработување и работа на странци по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог законот за пробација и Предлог-дополнувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, трите во прво читање, Предлог законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование поднесен од Енес Ибрахим во прво читање, како и Предлог законот за амнестија однесен од Павле Трајанов и Лилјана Поповска, исто така во прво читање.

На седницата за расправа се и Предлог автентичното толкување на член 460 став 3 од Законот за трговските друштва поднесен од Александар Стојкоски, како и Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија поднесен од група пратеници. 

 
 
09.12.2015 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега