Прегазен пешак: Маж од скопско се бори за живот

Осумдесет годишниот М.А. од скопско Кондово вчера попладне бил прегазен од „Фолксваген Шаран“ управуван од 45 годишниот Ш.Ј. од скопско Букович.

Несреќата, според информациите од полицијата, се случила во Кондово, а прегазениот маж со возио на Итна помош е пренесено во Ургентниот центар каде му била укажана лекарска помош и констатирана тешка повреда, фрактура на предниот дел од главата.

Истиот е во животна опасност и задржан е на понатамошно лекување во Ургентен центар. 

 
 
09.12.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега