Скопјани во недела не возете по оваа улица

Привремен сообраќаен режим во недела од 8 до 20 часот на улицата „Трета македонска бригада“.

Како што соопшти Градот Скопје измената е поради изведување на прекопи за поставување подземни инсталации на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“.

На коловозот ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот

 
 
11.12.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега