Трагична несреќа попладнево во тетовско

Б.Б. (52) од Тетово го загубил животот откако бил удрен од автомобил Ауди 80 со тетовски регистарски таблички што го управувал  Љ.А. (54) од тетовското село Лешок, објави Телма

Според информациите од тетовското јавно обвинителство сообраќајната несреќа се случила вечерва околу 17 часот и 45 минути на регионалниот пат Тетово-Јажинце во близина на селото Одри.

Првичните информации од увидот покажуваат дека пешакот од ударот со автомобилот починал на самото место и неговото тело по наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција.

Засега не се знаат причините за сообраќајката а увид на местото од несреќата извршиле јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа на СВР Тетово.

 
 
12.12.2015 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега