Неколку скопски улици утре без струја - проверете дали е вашата

Без струја утре од 9 до 14:30 часот ќе останат корисниците на дел од улицата „Орце Николов“ на потегот од улицата „Наум Наумовски Борче“ до Ленинова и од 10 до 12 часот корисниците на казиното Сенатор на крстосница улицата „Војвода Васил“, дел од улицата „Исаија Маџовски“ бр.2, 24 и 26 и дел од улицата Кленоец бр.48 , како и објектот на Кам Маркет.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија утре од 8 до 12 часот ќе останат корисниците на дел од Стара Чаршија и дел од Дуќанџик, а во исто време и корисниците на магацините на Караорман во општина Гази Баба, од 8:30 до 14:30 часот корисниците на дел од село Љубош и од 9:30 до 12:30 часот корисниците на дел од улицата 171 во населба Крњево.

 
 
13.12.2015 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега