Статистиката за невработеноста тежок удар за СДСМ

Порталот „Евести“ ги анализираше податоците за бројот на невработени во последните дваесетина години. Бројките се немилосрдни ако се анализира и политичкиот контекст, без оглед на сите економски фактори кои влијаат на новите вработувања. Историско најниско ниво на невработеност во третиот кавартал од годинава од 25,5 отсто. 711 илјади вработени или над 150 илјади повеќе од времето на СДСМ.

Статистиката покажува дека секогаш кога СДСМ е на власт невработеноста рапидно расте. Во време на СДСМ невработеноста достигнува рекордни 38%. Во 2002 година кога СДСМ доаѓа на власт затекнува невработеност од 31.9% и таа се искачува на 38%.

Исто така, и претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ успева да ја стабилизира невработеноста, односно да го прекине растот. Па така, во 1998-та година невработеноста е околу 34.5% наследена од СДСМ, во 2001-та кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а министер за финансии е токму Никола Груевски невработеноста паѓа на 30.3%.  Инаку, во 1990 година невработеноста била 22.9% и рапидно расте во периодот на транзицијата спроведена од СДСМ, а достигнува рекорди со претходната влада на СДСМ кога беше 38 отсто.

Познавачите немаат дилема дека е добро што ова се случуваше и во време на тешка економска криза во светот. Се согласуваат дека е одличен резултат во вакво време да се донесат странски инвеститори и да се отворат нови работни места. Во компилација и со вработувањата стимулирани од Владата, Македонија во последните десет години отворила над 150.000 работни места.

-Откако сме дојдени во Владата невработеноста се намалува. Овојпат откако светската и европската криза се зад нас имаме најголемо намалување во еден кваратал, а тоа е за 1,3 отсто. Вработени се речиси 12 илајди луѓе во само три месеци и тој тренд продолжува. Тоа е во месеците јули, август и септември и
невработеноста е намалена за еден квартал од 26,8 на 25,5, а земено од периодот кога дојдовме на власт во 2006 година кога беше околу 38 отсто е намалена на 25,5 отсто, значи за речиси 13 отсто, вели премиерот Никола Груевски.

Владата се надева на понатамошен пад на стапката на невработеност, најмногу поради најавените странски инвеститори.

-Имаме чист терен на работа, имаме 12.000 нови работни места во последниот квартал и таквото темпо продолжува. Мислам дека и наредната статистика што ќе излезе за овој квартал што сега тече –октомври, ноември, декември, ќе биде повторно со сериозно намалување затоа што она атмосферата во економијата во третиот квартал е и во четвртиот квартал дури, можеби и подобра, вели Груевски.

Според најавите безмалку 4.000 нови вработувања треба да отворат уште во првата половина од годинава три нови фабрики на странски инвеститори во земјата.

 
 
13.12.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега