Регулаторна одлучи: Поевтинува нафтата во Македонија

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, цената на нафтата се намалува за 2 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

 

Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 62,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 малопродажната цена изнесува 64,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

 
 
14.12.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега