Нова инвестиција од 15 милиони евра и 500 вработувања

Во просториите на Владата, денеска беше потпишан договорот за инвестиција на американската компанија од автомобилската индустрија Делфај, која ќе инвестира во Бунарџик.

Премиерот Никола Груевски имаше средба со претставниците на компанијата, по што беше потпишан договорот, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо од македонска, а Луси Тоскани, глобален директор за оперативни активности, од страна на Дејфај.

-Денеска имаме официјално потпишување на договорот за инвестирање на американската компанија Делфај. Оваа компанија во Македонија ќе се реализира во неколку фази. На почетокот компанијата ќе инвестира над 15 милиони евра во нова опрема за производство на електронски компоненти во најпознатите глобални бендови за европскиот пазар и ќе креира до 500 работни места, изјави по потпишувањето на договорот, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.

 
 
14.12.2015 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега