Спасов: Тука сме пред вас за да ги слушнеме вашите потреби и потоа да станат дел од нашата изборна програма

Сакаме да ги слушнеме предлозите кои ги имаат граѓаните, додаде Спасов, а се однесуваат за подобрување на нивниот живот.

-Ние потоа правиме детална проценка и оние кои што можеме да ги реализираме и за кои ќе најдеме финансиски средства , со конкретни рокови ги предвидуваме како дел од програмата за избори  и истата програма ни ги носи победите на изборите, подвлече Спасов.

Ние не застануваме, продолжуваме понатаму, додаде тој, секоја година да остваруваме непосреден контакт со грганите и да дадеме отчет за сето на што го работиме.-

-За разлика од СДСМ кои се кријат во своите партиски штабови, говорници , кои што измислуваат афери и прават конструкции и целата енергија ја трошат на мрачни сценарија , како да и наштетат на нашата партија и на Владата, како да и наштетат на Македонија. Но ниту нивните сценарија и обиди нема да не држат назад. Ние сме тука пред вас  за да ги слушнеме вашите потреби , да видиме што е потребно да реализираме во наредниот 4-годишен период, рече Спасов.

Сето она што ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски ќе вети го реализира, подести Спасов.

-За тоа потврдуваат и бројките и фактите и аргументите кои што стојат зад нас и кои го потврдуваат  нашето функционирање изминатите 9 години. Зад нас стојат бројките од над 150.000 вработувања, кои што се реализирани изминатиот период. Од 38% невработеност во 2006, денес падна на 25, 5 %. Тоа се ефектите од мерките кои ги реализира Владата на Република Македонија, ефектите од странските инвестиции и од активните мерки и политики за вработување, подвлече Спасов.

 
 
14.12.2015 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега