Костадиновски: Владата подеднакво се грижи за сите граѓани во Македонија

Владата подеднакво се грижи за сите граѓани во Република Македонија, но и проектите кои ги нуди се реални и конкретни, истакна Ванчо Костадиновски на вечерашната трибина во Велес.

-Ние и понатаму продолжуваме о истото темпо. Ние не сме како СДСМ и имаме полно право  да дојдеме и да се сретнеме со вас, повеќе пати во годината и да побараме да ни дадете некој предлог па и да не искритикувате. Да ни дадете идеја која ќе стане дел од нашата програма и сето тоа заедно да го реализираме, рече Костадиновски.

Субвенции се исплаќаат за сите оние кои се занимаваат со земјоделство.

-Во изминатиот период имаме вложено повеќе од 20 милиони евра  како директни плаќања за земјоделците од  Велес. Само во изминатите 2 години во општина Велес се вложени повеќе од 2,5 милиони евра по основ на субвенции за тутунопроизводителите кои се најбројни земјоделци, подвлече Костадиновски.

Заради подобрување на животниот стандард на жителите во руралните средини , Владата преку јавни огласи обезбеди повеќе од 50 милиони евра, директни вложувања во општините, средства кои се на располагање на општините.

Костадиновски потсети дека Владата секогаш е тука за земјоделците но и за сите граѓани низ општините во Македонија и она што е најбитно, секогаш има слух за нив кога е најтешко.

 
 
14.12.2015 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега