Доаѓа сув студ: Надвор минус седум

Времето во Македонија на повисоките места и на планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец, а по котлините магливо, тивко и малку постудено.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до минус еден, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо и претежно тивко. Маглата ќе биде со послаб интензитет, а преку денот ќе се расчитува.

Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. По котлините во одделни денови ќе има појава на слаба магла и температурата ќе биде пониска, а на повисоките места и на планините ќе биде потопло. 

 
 
15.12.2015 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега