Скопје денеска најстуден град: Македонија окована во студ

Најниска температура во седум часот изутрина е измерена во Скопје Петровец и во Берово, минус шест степени, а минус пет степени се регистрирани во Тетово, Демир Капија и Битола.

Четири степени под нула се измерени во Струмица и Маврово, минус три во Куманово, Прилеп, Штип и Дебар, минус два во Лазарополе, Крива Паланка, Скопје и Гевгелија,минус еден во Тополчани, Претор и Охрид, нула во Крушево, а еден степен во Виница, Пожар, Пожаране, Ѓуриште, два во Дојран.

Времето денеска на повисоките места и планините ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб  ветер  од јужен правец. По одделни котлини со слаба утринска магла, тивко и посвежо. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево и тивко. Температурата ќе се искачи до осум степени.

Во наредните денови ќе продолжи продолжува периодот на стабилно и суво време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, особено во утринските часови.

Зголемување на облачноста ќе има утре и задутре, а за време на викендот  ќе преовладува  претежно сончево  и релативно топло време за овој период од годината.

 
 
15.12.2015 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега