Новогодишна магија во Скопје: Денеска ќе блесне Плоштадот „Македонија“

Скопје се обои во новогодишни бои. Градот се облече во новогодишно руво, а денеска на Плоштадот Македонија ќе засвети и централната новогодишна елка, која ќе го збогати новогодишниот амбиент.

Елката висока 18 метри, е украсена со светлосни и други декоративни елементи.

Од Градот Скопје најавуваат дека настанот ќе биде пропратен со учество на хор од 100 средношколци од средните училишта на Град Скопје од „Марија Склодовска-Кири, „Васил Антевски-Дрен“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“ кои ќе изведуваа новогодишни песни и ќе ги забавуваат присутните. 

 
 
15.12.2015 - 08:23
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега