„Брима галуп“: Мнозинството од Македонците сметаат дека политиката на опозицијата е деструктивна

Според последното истражување на  јавното мислење, од страна на реномираната агенција „Брима галуп“, за мнозинството од Македонците политиката на опозицијата е деструктивна, додека, пак, политиката на власта е конструктивна.

Реномираната независна агенција за истражување на јавното мислење „Брима галуп, на барање и во соработка со неделникот Република, во периодот од 29 октомври до 3 ноември 2015 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1.007 испитаници.

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, ги објавуваме резултатите од анкетата што се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, поаѓајќи од фактот дека македонските гласачи на избори, во најголем процент, својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, истражувањето, генерално, е со прашања што се однесуваат за овие две политички партии.

По последните случувања на македонската политичка сцена и дебатите за конструктивниот или деструктивниот однос на политичките партии, според 52,5 проценти од Македонците, опозицијата има деструктивна политика, додека, пак, 48,6 проценти од Македонците сметаат дека власта води конструктивна политика.

На прашањето: Според вас, дали политиката на опозицијата е конструктивна или деструктивна? 52,5 проценти од испитаниците одговориле дека политиката на опозицијата е деструктивна, наспроти 26,3 проценти, кои сметаат дека политиката на опозицијата е конструктивна.

Во однос на ова прашање 18,2 проценти од испитаниците одговориле соНе знам, а 3 проценти одбиле да одговорат.

Додека, пак, на прашањето: Според вас, дали политиката на власта е конструктивна или деструктивна, 48,6 проценти од граѓаните одговориле дека политиката на власта е конструктивна, наспроти 31,6 проценти, кои сметаат дека политиката на власта е деструктивна.

На ова прашање 3,8 проценти од испитаниците одбиле да одговорат, а 16,6 проценти одговориле со Не знам.

 

На прашањето: Која политичка партија има подобра програма, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, 56,5 проценти од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 15,6 проценти СДСМ.

5,5 проценти одбиле да одговорат, а 22,3 проценти одговориле со Не знам.

Слична е определбата на граѓаните во делот на процена на политичкиот кадар со кој располагаат двете партии. Повеќе од двојно од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобар политички кадар.

На прашањето: Која партија има подобар политички кадар, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 52,9 проценти, а заСДСМ се изјасниле 23,3 проценти.

Македонците со недоверба гледаат на ветувањата што СДСМ почна да ги претставува како дел од изборната програма. Само 21,7 процент од Македонците веруваат во ветувањата од изборната програма на опозициската партија.

Дали би им верувале или не на ветувањата од изборната програма што СДСМ почна да ја претставува пред граѓаните?

55,4% одговориле НЕ

21,7% одговориле ДА

6,3% одбиле да одговорат

16,6% одговориле Не знам

Одбиле да одговорат 4,3 проценти, а 19,5 проценти одговориле со Не знам.

За Македонците опозицијата нема капацитет да биде подемократична во однос на актуелната власт.

На прашањето: Дали опозицијата, доколку ја преземе власта, би била подемократична во однос на актуелната власт 52,8 проценти од граѓаните се изјасниле дека сметаат дека не би била подемократична, наспроти 22,6 проценти, кои велат дека би била демократична. 21,3 проценти одговориле дека Не знаат. На ова прашање 3,4 проценти од испитаниците одбиле да одговорат.

Во однос на медиумската област и сѐ позачестените дебати во јавноста во однос на медиумите и нивната наклонетост кон политичките партии, дури 63,3 проценти од Македонците сметаат дека опозицијата има свои медиуми. На прашањето: Дали опозицијата има „свои“ медиуми, чијашто уредувачка политика е понаклонета на опозицијата

63,3 проценти од граѓаните сметаат дека опозицијата има „свои“ медиуми, наспроти 20,4 проценти што сметаат дека опозицијата нема „свои“ медиуми.

На ова прашање 2,6 проценти одбиле да одговорат, а 13,7 одговориле соНе знам.

Независната агенција за истражување на јавното мислење „Брима галуп“ е една од најреномираните агенции за истражување на јавното мислење, која во согласност со своето досегашно работно искуство од реализирани повеќе од 500 истражувања и во согласност со точноста на изработените резултати, претставува една од најверодостојните агенции за истражување на јавното мислење. „Брима галуп“ работи за Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, кој се занимава со испитување на јавното мислење.

 
 
15.12.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа