Нелоски: ВМРО-ДПМНЕ ја испишува програмата со сите граѓани спојувајќи младост и искуство

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на терен црпи идеи од граѓаните. Оваа акција која ја започна владејачката партија има за цел од народот да ги собере идеите кои како проекти би се нашле во предизборната програма.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски гостуваше во Радио Слободна Македонија.

-Во досегашниот период од кога започна кампањата „На Македонија и е потребна твојата идеја“, вкупно во 55 општини беа поставени штандови. Во наредниот период ќе го продолжиме истото и штандови ќе бидат поставени во сите општини во Република Македонија. Од она што досега го имаме како материјал, доставени се над 4000 идеи. На самите штандови се поставени околу 2800, додека на интернет страните се пристигнати околу 1300 идеи. Со тоа на еден начин ние како партија сме отворени да ги примиме сите идеи и предлози кои доаѓаат од сите луѓе од Република Македонија, од сите општини, градови и села, рече тој.

Нелоски вели дека младите и досега во секоја изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ партиципира како и сите други старосни групи.

-ВМРО-ДПМНЕ како партија е отворена кон сите и својата изборна програма ја испишува со сите граѓани. Токму во таквата програма влегува и креативноста на младите луѓе од една страна, но од друга страна влегува искуството на постарите граѓани. Кога ќе се спојат младоста и искуството се добива една изборна програма која што е најдобра за сите граѓани и која 9 години по ред на добива поддршката, рече лидерот на младината на владејачката партија.

Целото интервју со претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, погледнете го во продолжение.

 
 
15.12.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа