УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги слушна идеите на радовишани за новата програма

Младината на владејачката партија организира трибини во повеќе градови со цел да ги слушне идеите на граѓаните и нивните предлог-проекти.

Тие беа и во Радовиш меѓу граѓаните каде разговараа на повеќе тема, а имаше голема заинтересираност од радовишани да достават своја идеја.

Поддршка на настанот даде и градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов.

-Трибина на која беа презентирани доста размислувања и идеи и навистина позитивно сме изненадени од тоа како размислуваат младите, во која насока ги движат своите идеи во насока на подобрување на својот живот и животот на граѓаните на општина Радовиш. Она што денеска беше предочено од нивна страна, голем број од проектите што се однесуваат на локално ниво, ќе бидат прифатени. Во делот на идејата да продолжиме со инвестиции во спортот, да реализираме одредени проекти кои директно ќе влијаат во подобрување на животот на младите во општина Радовиш, јас еве како градоначалник си земав обврска во програмата на локалната самоуправа за 2016 година да бидат вметнати и реализирани, истакна тој.

Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека пред да се изготви програмата на владејачката партија пред изборите, секогаш се слуша гласот на младите.

-Заинтересираноста беше голема. Се дадоа на самата трибина десетина идеи не само од локален карактер туку за сите млади во Република Македонија. Имаше конкретни идеи кои ги опфаќаат и спортистите, младите што се занимаваат со култура, уметност и така натаму. Имаше предлози и за локалната самоуправа тука во Радовиш. Она поради кое ги направивме овие трибини е фактот што младите луѓе не секогаш имаат можност да се изразат целосно на трибините каде што има и останати старосни групи. Радовиш како и секогаш позитивно изненадувал со бројот на дадените конструктивни идеи. Сакам да истакнам дека на штандот тука во Радовиш пред почетокот на оваа трибина беа дадени педесетина идеи, додека во изминатиот период од граѓаните беа дадени 80 идеи, со што се на се од Радовиш вкупно 140-тина идеи се дадени како предлог за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори во 2016 година, истакна Нелоски.

 
 
15.12.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега