2.000 ВРАБОТУВАЊА: Се реализираа две значајни ветувања

По реализацијата на инвестицијата на „Џонсон Контролс“, која во Струмица ќе отвори 1.500 работни места, вчера се реализираше и инвестицијата на американската компанија „Делфај“ со нови 500 вработување, како што и најави премиерот Груевски.

Претседателот на македонската влада Никола Груевски при своето обраќање на 23-ти Октомври, денот на Македонската револуционерна борба, најави дека до крајот на годината две нови компании ќе ги објават своите донесени одлуки за инвестирање.

-Како што и претходно најавив, стои дека до крајот на годината две компании ќе ги објават своите донесени одлуки за инвестирање, едната во Струмица за вработување на 1.500 лица, втората во Скопје за 500 нови бработувања, изјави Груевски на 23-ти Октомври.

На 3-ти ноември, „Џонсон Контролс“ објави дека отвора фабрика во Струмица која ќе оозможи 1.500 вработувања.  Како што соопштија директорот Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд.

-Причината за оваа инвестиција е тоа што ние се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа и по истражувањата на пазарот и по проверката на успешноста на капацитетите, дојдовме до заклучок дека она што треба да го направиме е да инвестираме токму тука, изјави Ван Лои.

Во текот на вчерашниот ден, беше реализирана и втората најавена инвестиција. Беше потпишан договорот за инвестиција на американската компанија од автомобилската индустрија Делфај, која ќе инвестира во Бунарџик.

-Денеска имаме официјално потпишување на договорот за инвестирање на американската компанија Делфај. Оваа компанија во Македонија ќе се реализира во неколку фази. На почетокот компанијата ќе инвестира над 15 милиони евра во нова опрема за производство на електронски компоненти за најпознатите глобални бендови за европскиот пазар и ќе креира до 500 работни места, изјави по потпишувањето на договорот, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.

Делфај е меѓу првите 15 најголеми глобални добавувачи од автомобилската индустрија со годишен обрт од над 17 милијарди евра.

 

 
 
15.12.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега