Новиот модерен воз на МЖ на пробно возење до Гевгелија

Новиот модерен воз денеска го направи второто пробно возење на релацијата Скопје- Гевгелија.

На железничката станица беше пречекан од вработените во МЖ и заинтересирани граѓани на Гевгелија, информираат од општина Гевгелија.

Овој воз е дел од новите шест електровозови кои кога ќе пристигнат треба да ги заменат старите дотраени возови и локомотиви, инвестиција вредна 25 милиони евра.

Новиот електричен воз е ултра модерен со климатизација, интернет, екрани и музика, а во сообраќај ќе биде пуштен кон крајот на јануари следната година. Дотогаш машиновозачите треба да ја поминат обуката од страна на експерти од Кина, а истовремено се обучуваат и за одржување и сервисирање на вагоните.

Возот може да вози и со 160 километри на час, но по македонските пруги нема да смее да биде побрз од 120.

Од 13 декември 2015 година стапи во сила новиот возен ред на Македонски железници. На релација Гевгелија- Солун – Гевгелија сообраќа еден пар возови, со поаѓање од Гевгелија во 07,23 часот а пристигнување во Солун во 10,21 часот. Истиот воз од Слун тргнува во 18,16 часот а во Гевгелија пристигнува во 19,16 часот. Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат три пара возови. Од гевгелиската железничка станица првиот воз за Скопје тргнува во 04,43 часот, а пристигнува во Скопје во 07,34 часот, вториот во 16,55 часот а пристигнува во Скопје во 19,31 часот и последниот во 19,46 часот, а пристигнува во Скопје во 21,54 часот.

 
 
15.12.2015 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа