Маја Велјановска: Бев во шок кога дознав дека имам карцином

Пред пет години ми рекоа дека имам мастит, а потоа, сосема случајно, додека и правев друштво на мојата пријателка која сакаше да провери дали можеби има некаков проблем под силиконите, ми го дијагностицираа карциномот на дојка, рече Маја Велјановска во својата исповед во рамките на првиот панел на денешната конференција Профемина 2015, пренесува Убавина и Здравје.

-Потоа пак, кога се соочив со болки во грбот, сите стручни лица тврдеа дека имам дискус хернија, а подоцна утврдија дека имам рак. Тешко е да се дојде до вистинската дијагноза, а потоа се друго е борба и волја за живот. Ќе се борам и ќе живеам сто години, им порача Маја на присутните.

 

 
 
15.12.2015 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега