Лидерите на најголмите политички партии во Македонија го поздравија постигнатиот договор за составот на ДИК

Ние лидерите на најголемите политички партии го поздравуваме постигнатиот договор за целосниот состав на Државната изборна комисија. Препорачуваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во Државната изборна комисија. 

Го покануваме Парламентот да ги финализира неопходните постапки што е можно побрзо со цел Комсиијата да започне со својата работа и да ги превземе своите должности за подготовка за веродостојнте избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието. 

Ги повикуваме сите државни институции елосно да ја поддржат Државната изборна комисија во ова тешка задача. 

Ја покануваме Државната изборна комисија да ги донесе неопходните одлуки за прашањата како што се кадропвското екипирање, вклучувајќи професионален и висококвалификуван генерален секретар за методологиите за проверка на избирачкиот список и да утврди постапки за проверка и за одлучување по изборни поплаки врз одснова на законските начела без политичко влијание. 

Ги повикуваме граѓаните да пријават било какви злоупотреби кои ги воочиле до Државната изборна комисија и другите официјални тела со релевантни овластување ккао што е Народниот паравобранител. 

 

 
 
15.12.2015 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега