ВИДЕО: Шилегов уште еднаш го покажа вистинското деструктивно лице на СДСМ полно со омраза и некултура

Партискиот портпарол Петре Шилегов, уште еднаш, по којзнае кој пат го покажа вистинското деструктивно лице на СДСМ полно со фрустрации, омраза и некултура, лице поради кое социјалдемократите веќе со години се во опозиција, а последните анкети покажуваат дека  таму ќе останат и по изборите на 24-ти април, бидејќи најрелевантните институции за испитување на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ.

Безобразлукот на Петре Шилегов нема крај. Портпаролот на СДСМ денеска продолжи со своето недолично однесување, откако се расфрлаше со навреди кон неговата колешка Владанка Авировиќ.

„Што Ви правеле мала кога сте биле, БЕ?“ – се зборовите на Претседателот  на анкетната комисија Шилегов со кои и се обрати на Авировиќ, која важи за една од пратениците со подолг стаж во Собранието од веќе актуелниот состав.

Авировиќ денеска беше јавно навредувана и деградирана  за време на седницата од страна на потпаролот на СДСМ, кој во свој препознатлив стил исто така ги навредуваше и безбедносните сили за време на акцијата за сузбивање на терористите во Куманово.

Дополнително, ваквото недолично однесување на Шилегов беше охрабрено од неговите колеги од СДСМ кои наместо да ја осудат неговата постапка, со потсмев ја одобрија, по што Шилегов ја прекина седницата и ја напушти салата.

Ова не е прв ваков испад на Шилегов кој доволно го покажува очајот во кој се наоѓа неговата партија. Пред неколку месеци, партискиот портпарол на поставено прашање од јавен интерес за тоа кој им ги дал материјалите, дрско и безобразно одговори:

-Народот наш, на вакво прашање кој ти ги даде материјалите, има една поговорка вика зини да ти кажам, рече Шилегов.

Последните релевантни анкети кои покажуваат дека СДСМ ќе доживее нов катастрофален пораз во април очигледно влијае врз опозициските функционери, кои во знак на немоќ мора да се служат со вакви навреди. СДСМ повторно го наметнува нивниот познат арогантен и хистерично вулгарен дневно политички дискурс.

Преку нивните хистерични реакции полни со навреди и омаловажувања, СДСМ во јавноста повторно го покажува вистинското деструктивно лице полно со омраза и некултура кое го достигнува врвот на ароганцијата. Вокабуларот на опозицијата е преполн со вулгарни зборови и етикети насочени кон своите политички противници.

Познавачите на македонската политичка сцена токму во таквиот арогантен и потценувачки пристап кој СДСМ го практикува го лоцираат главниот виновник за политичкиот неуспех на девет изборни циклуси на опозиционата партија.

 
 
15.12.2015 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа