Хаос во Скопје: Девет сообраќајки, четири лица повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.

Од страна на сообраќајната полиција вчера се откриени и санкционирани 67 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Седумнаесет возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, осум возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, шест возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и 22 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 86 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 
 
16.12.2015 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега