МетеоПро: Нема шанси да видиме вистинска зима оваа година

Се повеќе е јасно дека до крајот на годинава речиси и да нема никакви шанси да видиме вистинска зима. Синоптичката ситуација која ќе доминира во наредниов период од 10-12 дена е антициклонална, и истата ќе услови „стационирање“ на потопла воздушна маса над нашите краишта, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Во вакви услови, прогностичките очекувања се релативно топло и суво време, со максимална температура која низ земјава ќе има вредности околу 10°С. Исто така во ваква ситуација реално е да се очекуваат поволни услови за формирање на магла низ котлините и речните долини, додека на повисоките места ќе биде посончево. Значаен ветер во овој период нема да има

 

Во периодот околу 28ми декември се очекува промена на времето со заладување и усллови за врнежи, засега со изгледи за снег само на повисоките места. Сепак станува збор за релативно долг период за прецизна прогноза, така што ќе оставиме уште неколку дена за оваа прогноза да се „избистри“ и да имаме нешто појасна слика за тој период.

 
 
16.12.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега