Комисијата за избори ги утврди кандидатите за членови на ДИК

Александар Чичаковски е предложен за претседател на Државната изборна комисија (ДИК), а Реџеп Пекопуца за негов заменик на денешната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Оваа Комисија денеска едногласно ја утврди листата на кандидати за членови на ДИК која подоцна во текот на денот Собранието треба да ја усвои.

На вчерашната лидерска средба беа договорени тројцата експерти на ДИК Чичаковски, Прекопуца и Атанас Урумов. Претходно, по завршувањето на јавниот оглас политичките партии со допис го известија претседателот на Собранието за нивните предлози.

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи Силвана Бонева и Сашо Срцев, СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, ДУИ Субхи Јакупи, а ДПА Бедредин Ибраими.

 
 
16.12.2015 - 11:38
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега