ВИДЕО: Пукање во казино - обезбедувањето и ограбувачот разменија истрели

Утрово околу 4 часот непознато лице маскирано со фантомка се обидело да ограби казино во Сараево. Според информациите кои ги пренесуваат локалните медиуми, тој влегол во казиното во моментот кога внатре биле само една вработена и едно лице од обезбедувањето. Го вперил пиштолот и ги побарал парите. Тогаш обезбедувачот вперил пиштол кон него по што следеле пукотници во кои вработениот во обезбедувањето со еден куршум успеал да го погоди пиштолот кој во раце го имал разбојникот, кој по ова се дал во бегство.
Според информациите тој немал повреди а немало повредени ниту во казиното.
Полицијата трага по разбојникот.

 
 
16.12.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега