Ако возите болни казна од 250 евра - 20 евра казна ако излете од автомобилот и оставите отворен прозор

Ако мислевте дека во Македонија полицијата казнува за се и сешто, тогаш размислете уште еднаш но откако ќе ги погледнете казните во Хрватска на пример.
- Ако сте уморни или болни додека управувате со автомобилот (како ли полицаецот ќе го утрди тоа) ќе платите 250 евра казна.
- Ако возите со кал на гумите ќе платите околу 150 евра казна (добро, слична казна има и кај нас)
- Ако оставите отворен прозор од автомобилот откако излезете од него, ќе платите 20 евра казна, а исто толку ќе ве чини ако ги оставите клучевите во автомобилот и излезете од него или го напуштите а го оставите моторот да работи.
- Хрватите плаќаат казна од 20 евра ако излезат од автомобилот додека тој е во движење или ако ја отворат вратата додека се движат а казна од 75 евра се плаќа ако возите човек во камп приколка.
Затоа ако планирате зимава да заминете во Хрватска на одмор, имајте ги овие казни во предвид.

 
 
16.12.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега