Фармацевтската компанија НОВАРТИС донираше 566.400,00 денари на клиниката за хематологија

Фармацевтската компанија Новартис-преставништво Скопје,  денес донираше лабараториски PCR китови за квантитативна детекција на BCR-ALB транскриптот во вредноста од 566.400,00 денари. Оваа донација ќе придонесе при правилна дијагностика и следење на пациентите со Хронична миелоидна леукемија, а истовремено и ќе го олесни процесот на стандардизација на лабалаторијата за молекуларна дијагностика.

По повод оваа донација директорката на Клиниката за хематологија Проф. Д-р Лидија Чевреска изјави:Оваа донација е од голема важност за нас бидејќи ќе овозможи следење на состојбата на заболените од ХМЛ според последните упатства за практцирање на медицина базирана на докази. Токму поради тоа благодарни сме на фармацевската компанија Новартис, за долгогодишната поддршка, како и за оваа донација која ни е исклучително потребна и се надеваме дека во иднина ќе се отворат можности за други современи лекови да станат достсапни за нашите пациенти.

Претседателот на Здружението на заболените од ХМЛ во Р.Македонија г. Пепо Леви, изјави: “Kако Претседател на здружението сакам да ја изразам  нашата благодарност за донирање на китовите, како на фармацевската компанија Новартис така и на Клиниката за хематологија – Скопје. Ова малигно и по живот опасно заболување однесе многу животи во Македонија. Денес, благодарение на современата наука и напредната медицина кога болеста е ставена под делимична контрола, од особена важност е правилно следење на болеста и благовремено детектираење на одредени аномалиии како би можеле докторите соодветно да реагираат”, изјави – Пепо Леви Претседател на Здружението на заболените од ХМЛ во Р.Македонија.

Еден до два случаи на 100.000 жители заболуваат од ХМЛ, а во Македонија има околу 90 заболени. Статистистички и во пракса околу 30 заболени од ХМЛ кај нас се без соодветна терапија. Тој број рапидно се зголемува секоја година.

“Навистина сме среќни што имавме можност да дадеме наш придонес, се со цел обезбедување на соодветно и адекватно дијагностицирање и лекување пациентите  во нашата земја”, изјави- Д-р Јасминка Талеска - директор на преставништво во Скопје.  Д-р Стамен Попов – регионален директор за Новартис Онкологија за Бугарија и Македонија изјави: “ Целата на Новартис да најде решение за пациентите со малигни заболувања, преку персонализирана терапија за секој пациент”.

 

Фармацевтската команија Новартис е долгогодишен партнер кој ја поддржува, постојано продолжува соработката со Клиниката за хематологија и ги следи новините во трендот на обезбедување на адекватна терапија за пациентите во Македонија.

 
 
16.12.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа