Груевски за текстот во Гардијан: Такво нешто не сум изјавил

 

Премиерот Никола Груевски реагира на објавената информација од весникот Гардиан дека Македонија е отворена за промена на името.

 

 

„Такво нешто не сум изјавил. Ние ќе реагираме и до Гардиан. Тоа се гледа и од самиот текст каде што очигледно е дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставуваме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани“, вели Груевски во писмена изјава

Реакцијата на премиерот следи откако весникот Гардијан повикувајќи се на негово интервју донесе заклучок дека Македонија е подготвена да го смени името по неговата изјава дека земјата очекува што побрзо да стартува дијалогот.

„Би сакале што е можно побрзо да почне дијалогот со Грција за изнаоѓање решение и ако најдеме решение тоа ќе мора да оди пред граѓаните на референдум“ –стои во изјавата на Груевски која ја цитира Гардијан.

Овој став на Груевски не е ништо ново во политиката кон спорот за името. Истиот став Груевски го повторил во повеќе наврати нагласувајќи дека Македонија секогаш е подготвена за дијалог, а последниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум.

 
 
16.12.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега