Кончанчани заинтересирани за одгледување на лешник и ориз

Голем е интересот на земјоделците од Кочанско за закупување државно земјоделско земјиште и негово искористување за подигање насади од лешник, како и за одгледување ориз, велат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
 
Во овој регион за закуп се понудени 25 хектари.
 
- Земјоделците можат да аплицираат за два од вкупно трите јавни огласи за давање под закуп државно земјоделско земјиште што ги распиша Министерството, односно за над три хектари по пат на електронско јавно надавање. Земјиштето е наменето за подигање насади со лешник и оризови ниви, а се наоѓа во стара катастарска општина Кочани, изјави раководителот на Подрачната единица на МЗШВ Јордан Димитров
 
 
16.12.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега