Објавено решение за прием на втората група 125 војници во АРМ

Министерството за одбрана денеска го објави решението за прием на 125 професионални војници во служба на АРМ, со што целосно се реализира најавениот процес за прием на 250 професионални војници во АРМ, пишува МИА.

Кандидатите,соопшти денеска МО, поминаа низ ригорозен процес на селекција, која и овој пат вклучуваше 24-дневен селективен курс, организиран и воден од Полкот за специјални операции.

Со приемот на професионалните војници, АРМ, стои во соопштението, продолжува со пополнување на своите редови и тоа со високо мотивирани војници кои низ процесот на селекција покажале дека се најдобрите од најдобрите.

 
 
16.12.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега