Марихуаната станува легална во Македонија - еве кој ќе може да ја одгледува

Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија. Министерството за здравство ја почна постапката за легализација, пишува Здравство24. Веќе е изготвен предлог закон кој деновиве ќе се најде на владина седница. Канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти. Мора да има агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, 24 часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот. Тој не смее да се извезува, но за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис. Крајниот производ ќе биде строго контролиран и точно ќе се знае кој може да го пропише а кој да го прима маслото. Предвиден е за болни од рак, ХИВ и други дијагнози кои ќе ги пропишува специјалист од болница и со рецепт ќе го подигнува од аптека.

Проценките на здравствените власти е дека целата постапка треба да заврши до март. За недела најавија јавна дебата на која очекуваат да ги слушнат и мислењата на јавноста.

 

 

 
 
16.12.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега