Црвениот Крст ја награди ЕВН Македонија со највисокото признание - „Платинест поддржувач“

ЕВН Македонија го доби највисокото признание „Платинест подржувач“ од Црвениот Крст за континуираната долгорочна поддршка на проекти во изминатите години. Црвениот Крст и го додели ова највисоко признание на ЕВН за исклучително добрата соработка и поддршка во остварувањето на хуманитарните цели.

"ЕВН Македонија не е само партнер на Црвениот Крст, туку и Црвениот Крст е партнер на ЕВН. Тоа е поради тоа што во суштина ги делиме истите вредности: доверливост, одржливост и сигурен партнер на корисниците. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им упатам апел на сите присутни претставници на компаниите дека најпозитивна конкуренција е натпреварот во хуманоста", изјави г-дин Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

 Соработката меѓу Црвениот Крст и ЕВН  се реализира преку повеќе проекти кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на различни ранливи групи граѓани кои имаат потреба од посебно внимание и помош. Актуелен е проектот за грижа на старите лица, а за време на новогодишните празници, децата од социјално ранливи семејства низ цела Македонија ќе добијат новогодишни подароци. Инаку, ЕВН Македонија беше првата компанија која го доби признанието “Златен поддржувач “ за континуираната поддршка на активностите на Црвениот Крст во социјално загрозените заедници во 2012 година.  

 

 

 

 
 
16.12.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа