Маж на 43 годишна возраст починал од студ и глад

Маж на 43 годинишна возраст од село Драмче делчевско денеска бил пронајден мртов во семејната куќа од глад и премзрнатини од прв степен, соопшти СВР Штип.

Како што потврди Гордана Панајотова, портпарол од СВР Штип, според увидот на полициските службеници врз телото на починатиот З.Ј. нема траги на насилство.

Според Гоце Стоименовски од Итната медицинска служба тим од доктори биле на интервенција пред да почине З.Ј. каде констатирале дека пациентот не бил контактибилен.

- Пациентот беше неконтактибилен, му дадовме терапија за ревитализација и ги повикавме од Центарот за социјални работи, рече Стоименовски.

Директорот на делчевскиот Центар за социјални работи, Александар Николов, истакна дека заедно со социјални работници на повик на полицијата и брзата помош, биле во домот на Ѓорѓиевски, но таму го затекнале мртов.

-Лицето не е во евиднецијата на Центарот за социјална работа, што значи не е примател на социјална помош или на друг вид помош од Центарот за социјални работи, рече Николов.

Погребот беше извршен денеска на товар на Центарот за социјални работи. Ѓорѓиевски бил повратник од затвор и живеел сам.

 
 
16.12.2015 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега